СЛИКАЈ. СПОРЕДИ.
ЗАШТЕДИ.
КАКО ФУНКЦИОНИРА
СЛИКАЈ
Сликај ја сметката. Апликацијата автоматски ги чита сите артикли и цени.
СПОРЕДИ
Веднаш гледаш каде истите производи се поевтини во твоето маало.
ЗАШТЕДИ
Добиваш попусти и понуди од локални бизниси врз основа на тоа што купуваш.
СЕ ВО ЕДЕН ПОГЛЕД
Трошоци на едно место
Сите купувања категоризирани автоматски. Гледаш точно каде ти одат парите.
Поевтини алтернативи
Препораки за поевтини производи во маркетите блиску до тебе.
СЛИКАЈ. ГОТОВО.
Насочи ја камерата кон сметката. Апликацијата ги препознава сите артикли и цени за секунда.
- Работи со секоја фискална сметка.
- Прецизно читање и при слаба светлина.
ВАЖНО: Ние НЕ ги користиме скенираните сметки за даночни пријави — тоа е исклучиво ваша одговорност. Нас нè интересираат само артиклите, вкупната сума и продавницата. Доколку не сакате да го вклучите QR кодот од сметката, едноставно сликајте ја или исечете ја сликата до QR кодот и испратете ја така.
ДОЗНАЈ КАДЕ Е ПОЕВТИНО.
Ги споредуваме цените на твоите производи со сите маркети во близина. Ако некаде е поевтино — ќе знаеш.
“Можевте да заштедите 420 ден. со алтернативни брендови во соседниот маркет.”
ЗАРАБОТИ ДОДЕКА КУПУВАШ.
Кешбек, купони и ексклузивни понуди — директно од локалните бизниси врз основа на твоите навики.
ЛОЈАЛНОСТ ШТО СЕ ИСПЛАТИ.
Секоја сметка = поени. Поените = попусти кај локални бизниси.
- Корисници: Собирај поени, искористи ги за попусти.
- Бизниси: Направи лојалност програма без дополнителна инфраструктура.
ИМАШ БИЗНИС? ОВА Е ЗА ТЕБЕ.
Твоите конкуренти веќе им ги земаат купувачите. Со ЏЕБ.МК ги враќаш — со вистински податоци, не со претпоставки.
Гледај ги конкурентите
Дознај што купуваат луѓето од другите бизниси во твоето маало. Верифицирани податоци од вистински сметки — не претпоставки.
Таргетирај прецизно
Испрати попуст директно на телефон на луѓе кои се во близина и купуваат токму тоа што ти го нудиш. Без билборди, без фрлени пари.
AI маркетинг за секунда
Генерирај Instagram пост, промо слика или видео со еден клик. Професионален маркетинг без агенција, без дизајнер.
Лојалност без инфраструктура
Направи програма за лојалност за 5 минути. Без картички, без печати. Купувачите собираат поени автоматски со секоја сметка.
Мери го секој денар
Следи колку луѓе ја искористија твојата понуда, колку нови купувачи дојдоа и колкав е реалниот поврат. Без гатање — податоци.
За секој тип на бизнис
Секој бизнис со фискална каса може да користи ЏЕБ.МК. Не ти треба нов систем, нов хардвер, ниту техничко знаење. Регистрирај се, направи понуда и стигни до купувачите за помалку од 10 минути.